Се ситни и втората половина од стоте милиони евра, кредит од Европската инвестициска банка (ЕИБ), кои државата ги обезбеди за малите и средните компании за годинава. На домашна сметка деновиве стасаа близу десет милиони евра, од шестата и седмата транша од овој трет кредит од ЕИБ. Се очекува нов дел да биде одобрен во септември, за што во тек е аплицирањето од бизнисмените. До крајот на годинава за кредити на компаниите ќе бидат поделени сите сто милиони евра, а Владата за в година најави и нова, четврта кредитна линија од оваа банка, повторно вредна сто милиони евра. Досега се искористени и првата и втората линија, вредни 150 милиони евра, а со оваа, вкупната сума на земени кредити ќе стаса до 250 милиони евра.
Се ситни и втората половина од стоте милиони евра, кредит од Европската инвестициска банка (ЕИБ), кои државата ги обезбеди за малите и средните компании за годинава.
На домашна сметка деновиве стасаа близу десет милиони евра, од шестата и седмата транша од овој трет кредит од ЕИБ. Се очекува нов дел да биде одобрен во септември, за што во тек е аплицирањето од бизнисмените. До крајот на годинава за кредити на компаниите ќе бидат поделени сите сто милиони евра, а Владата за в година најави и нова, четврта кредитна линија од оваа банка, повторно вредна сто милиони евра. Досега се искористени и првата и втората линија, вредни 150 милиони евра, а со оваа, вкупната сума на земени кредити ќе стаса до 250 милиони евра. Стопанствениците велат дека има интерес за овие кредити затоа што се нудат по поволни услови и оти се атрактивни во услови кога банките и покрај најавите дека ќе бидат полабави, с` уште го стегаат ременот за кредити на компаниите.
Од Македонска банка за поддршка на развојот велат дека деновиве ги повлекле шестиот и седмиот дел од третата кредитна линија од ЕИБ. Шестата транша е вредна вкупно 6,2 милиони евра, кои ќе им ги поделат на 29 компании. Од нив, 70 проценти се инвестициски кредити со рок на отплата до осум години, а другите пари се за тригодишни кредити за обртни средства. Се тврди дека оваа поддршка ќе отвори нови 139 работни места. Седмата транша е во вкупна вредност од 3,8 милиони евра, кои се однесуваат за приоритетни фирми, кои имаат повеќе од 250 вработени. Овие пари ќе легнат на сметките на две компании.
- МБПР почнува со подготовка на нова транша, која се очекува да се реализира во септември - велат од Банката за поддршка на развојот.
Kај нив стасуваат апликациите, а кредитите ги одобруваат деловните банки, од каде што пак потврдуваат дека интересот на бизнисмените е голем оти овие кредити се нудат со ниска камата од само 5,5 проценти годишно, нешто што тие во овој момент не можат да го понудат. Стопанствениците со кои разговаравме во континуитет велат дека станува збор за олеснување, во услови кога банките навистина не им излегуваат во пресрет, а тие с` уште се соочуваат со намалена ликвидност.
- Станува збор за субвенционирани кредити со ниска каматна стапка од 5,5 проценти, а парите се враќаат за релативно долг период, односно за осум години, плус има и три години грејс-период. Kредитите се користат за инвестиции и развој, но и за обртни средства. Од првичната кредитна линија до оваа третата, со малите измени со кои и на трговците им се овозможи да стасаат до овие пари, оваа кредитна линија навистина им помогна на многу компании - вели Митко Алексов од Сојузот на стопанските комори.
За в година Владата обезбеди нова линија евтини кредити за стопанството. Министерот за финансии Зоран Ставрески неодамна изјави дека уште 100 милиони евра кредит со каматна стапка од 5,5 отсто од Европската инвестициска банка ќе ~ бидат одобрени на земјава. Парите ќе им бидат наменети за поддршка на малите и на средните претпријатија.
- Владата веќе ја контактира Европската инвестициска банка за нова кредитна линија со поволна камата од 5,5%. Големи се шансите ЕИБ да ја одобри и оваа четврта кредитна линија - изјави Ставрески.
Бавен кредитен раст
Вкупно 2,15 милијарди евра се кредитите што заклучно со јуни им се издадени на фирмите во државата. Kредитниот раст е бавен, а во исто време расте процентот на сомнителни и спорни побарувања, што банките ги прави уште попретпазливи за идното кредитирање. Јуни е последниот месец за кој има податоци од Народната банка, од каде што велат дека во шестиот месец е забележано позабавено темпо на вкупен кредитен раст ако се споредуваат податоците со претходниот месец, но оти сиот раст во јуни произлегол од кредитите на домаќинствата. Годишната стапка на вкупните кредити во јуни е 3,7 проценти.